Модерните, современи прозорци се многу повеќе од извор
на дневна светлина и не ја остваруваат само функцијата проветрување
на просториите.
Прозорците играат важна улога со тоа што исполнуваат бројни технолошки
барања: топлинска и звучна изолација, заштита од грабеж и провали,
заштита од надворешни атмосферски влијанија и проветрување.
Денес тие се архитектонски елементи за дизајнирање, па така
со големината, обликот, бојата и распоредот и даваат особеност на
фасадата и ја одредуваат атмосферата во ентериерот. Прозорците стануваат
израз на индивидуалноста и животниот стил.
Сепак, колку еден прозор е добар и убав ќе зависи првенствено
од профилот од којшто е направен.
Ви
го претставуваме системот Gealan S 8000 IQ кој ги исполнуваат
сите визуелни барања: складни пропорции, нежни контури, тенки видливи
елементи и идеално мазни површини. Системот S 8000 IQ симболизира
естетика и вредност на прозорец со стил и вечна елеганција.
Повеќе од 20 год фирмата Gealan со помош на коекструзиска
постапка на боење - произведува двострани акрилколор
профили, т.е надворешен профил во боја и внатрешен профил во бела
боја. При тоа белата ПВЦ основа се претопува во слојот акрилно
стакло во боја во неодвоив повеќеслоен материјал.
Повеќе..>> Прозорците
не само што мораат да дихтуваат и да се отпорни на ширење,
собирање и свиткување, туку истовремено треба да обезбедат урамнотежена
влажност и температура на воздухот во просторијата. Пред да се вградат
нови прозори овој аспект треба да се земе во предвид.
Зошто дури тогаш ќе ја доживеете удобноста на домувањето во
нејзината најубава форма.
Сигурноста на домот е уште еден услов за удобност во сопствениот
простор. Системот S 8000 IQ гарантира заштита од највисок
степен. При конструкцијата на профилот со четири комори, особено
внимание е посветено на димензиите на челичното појачување првенствено
затоа што .
Повеќето од новите корисници на ПВЦ столаријата и пред да
ја вградат биле свесни за заштедата на енергија која надминува 75%,
но биле пријатно изнанадени со неочекуваниот ефект на звучна изолација,
што во градска средина и изразена бука има дополнително значење.
Со употреба на повеќекоморни профили и соодветно застаклување,
нивото на бучава може да се намали за околу 45 dB.А тоа е особено
важно ако се има во предвид дека човек секои 10 dB во разликата
на нивото на бучава ги чувствува како двојно побучни,соодветно на
тоа со помоШ на добрата изолација се постигнува повеЌе пати потивка
средина.
|